ФДА: Ефектите од вакцината на Фајзер се видливи по десет дена
САД – Американската управа за храна и лекови (ФДА), која би требало да ја одобри употребата на вакцината на Фајзер, објави извештај за големо клиничко истражување спроведено на 44.000 луѓе од САД, Бразил и Аргентина.
Во извештајот на сто страници се наведува дека вакцината е делотворна независно од возраста, расата и телесната маса, а едниствено што се уште не е познато, е тоа колку трае заштитата, што ја нагласува потребата за втора доза.
Претходните студии покажаа дека втората доза на вакцината на Фајзер и Бионтек долгорочно го поттикнуваат имунолошкиот систем.
Во истражувањето не се откриени потешки нуспојави, но голем број испитаници се пожалија на зголемена температура, главоболка, замор, болка во мускулите и зглобовите, како и реакција на местото каде што ја примиле вакцината.
Во студијата се истакнува и дека голем број испитаници не се чувствувале добро првите неколку часа откако ја примиле втората доза од вакцината.
За време на истражувањето не е откриено дали вакцината пружа заштита од трансмисија на вирусот врз други лица, ниту како дејствува на одредени високоризични групи луѓе како деца помлади од 16 години, бремени жени и имунокомпромитирани лица.
ФДА соопшти дека и да ја одобри вакцината ќе продолжат истражувањата.