Фаучи: Нема докази дека лекот за маларија помага против корона вирусот


Нема никакви научни докази дека лекот hydroxychloroquine може да се употребува против Ковид-19, тврди д-р Ентони Фаучи

Главниот советник за корона вирус на Доналд Трамп повторно предупреди дека не постојат научни докази да се поддржи употребата на лек против маларија, за кој претседателот притиска како можен лек за Ковид-19.

Во неповрзан, непријателски брифинг во Белата куќа во саботата, Трамп ги повика Американците загрижени за вирусот да пробаат hydroxychloroquine, лек кој се користи за лекување на маларија, артритис и лупус, кој не е опширно тестиран за други состојби.

„Земете го. Што имате да изгубите?“ рече претседателот, посочувајќи дека тој би можел сам да го стори откако ќе ги праша „моите лекари“.

Но, во неделата д-р Ентони Фаучи, врвен лекар во земјата за инфективни заболувања и клучен член на работната група во Белата куќа, беше непопустлив во ставовит дека нема сугестии во медицината дека од лекот може да има корист против корона вирусот.

„Во однос на науката, не мислам дека дефинитивно можеме да кажеме дека функционира“, рече тој во интервју за Си-би-ес.

„Податоците во најдобар случај се сугестивни. Имаше случаи што покажуваат дека може да има ефект, а други покажаа дека нема ефект“.

Д-р Џејмс Филипс, професор по медицина за итни случаи во универзитетската болница „Џорџ Вашингтон“, рече дека Американците би можеле да го ризикуваат нивното здравје доколку ги следат советите на претседателот да земат лек за состојба за која не бил тестиран.

„Не знаеме доволно за да дадеме медицински препораки“, рече тој за Си-ен-ен.

„Тоа е опасна порака за некој без лекарска дозвола да стаса до таму да им каже на луѓето што да го пробаат. Треба да ги слушате лекарите, луѓето кои ја разбираат науката, пред да одите доброволно во орманот за лекови“.

На 21 март, ден откако во телевизиски настап Трамп тврдеше дека лекот „изгледал ветувачки“, Фаучи беше прашан директно дали тој може да се користи за лекување на Ковид-19.

„Одговорот е не“, рече тој. (Гардијан)