Фатени двајца малолетници со марихуана во Аеродром


Во два одделни случаи, полицијата приовела мамлолетници во Аеродром, кои кај себе имале марихуана.

Имено, во петокот, во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Истиот ден, во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од скопско затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.