Фарски Острови последен ривал на македонските фудбалери во групната фаза од Лигата на нации
Македонската фудбалска репрезентација денес ги завршува настапите во групата од Ц-сегментот на Лигата на нации.
На Националната арена „Тодор Проески“ попладне од 15 часот гостува селекцијата на Фарски Острови.
Напаѓачот Александар Трајковски верува дека може да се продолжи победничката серија која трае четири натпревари.
– Постои мал замор бидејќи играме во три дена два натпревари, но не е прв пат да имаме ваков ритам. Секогаш сакаме да го дадеме најдоброто од себе и наша цел е со победа да го завршиме ова издание во Лига на нации. Треба да бидеме фокусирани и доколку го дадеме максимумот сметам дека може да ја оствариме целта и три бода, изјави Трајковски.
Во пресрет на натпреварите од 6. коло, Македонија е лидер во групата со 13 бодови, Фарски Острови имаат 6, Ерменија и Летонија по 3.