Фантастична игра на Лука Дончиќ, петти трипл-дабл сезонава


Лука Дончиќ постигна 45 поени, додаде 14 асистенции и имаше 11 скока во својот петти трипл-дабл сезонава.
Неговиот Лос Анџелес Лејкерс ја победи Јута Џез со 143:135. Леброн Џејмс додаде 28 поени, седум скока и 10 асистенции за Лејкерси, кои во последната четвртина ги победија Џезовите со 41:29.

Во тој период Лејкерси водеа со 12 поени разлика. Џезерите го намалија резултатот на 130-134 пред Дончиќ да го пронајде Џексон Хејс за неговата последна асистенција и водството кое им беше потребно на Лејкерси за да ја постигнат победата. Хејс шутираше 7/7 за 16 поени и како играч на Лејкерс има перфектен учинок против Џезерите. Тој има 26/26 во шест натпревари.

Дончиќ имаше и пет освоени топки и само една изгубена во одлична вечер. По натпреварот, статистичарите ја извлекоа информацијата дека тој стана само третиот играч во историјата на познатата франшиза кој постигнал трипл-дабл со 45 или повеќе поени. Единствен пред Дончиќ кој го направи тоа беше Елгин Бејлор, кој тоа го направи два пати.

Јута настапи без водечкиот стрелец Лаури Марканен, кој беше надвор од теренот поради повреда на препоните. Лејкерси беа без редовните стартери Деандре Ајтон со проблем со лактот и Остин Ривс со повреда на потколеницата.

Кејонте Џорџ постигна 33 поени, негов трет последователен натпревар од 30 поени. Дебитантот Ејс Бејли додаде 19 поени за Јута, која допрва треба да ја спои серијата од три победи оваа сезона. Лејкерси победија по трет пат во четири натпревари, иако примија најмногу поени во сезоната.