Фани Каранфилова-Пановска на средба со граѓани на пазарот во Велес


 

Заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска, заедно со кандидатката за градоначалник на Велес Маја Хеско и носителот на советничката листа Јованче Манасков, денеска се на средби со граѓаните на Велес. Тие го посетија и пазарот во Велес.

Каранфилова-Пановска зборуваше за приоритетите на програмата на СДСМ за развој на Велес.

„Во центарот на оваа програма сте вие, луѓето, граѓаните и реалните потреби со кои се соочувате. Нашата цел е да создадеме град кој нуди можности за сите – за младите, за жените, за пензионерите, достоинствен живот за граѓаните на Велес“, рече Каранфиловa-Пановска.

Во делот за младите, програмата предвидува отворање младински иновациски лаборатории – простори за стартапи, ИТ-решенија и креативни проекти, како и програма за младинско вработување во партнерство со компании и институции, и бесплатни обуки за дигитални вештини, странски јазици и претприемништво.

Во делот на социјалните политики, СДСМ во Велес планира субвенции за самохрани родители, бесплатен училиштен прибор и книги за деца од ранливи семејства, пристапност за лицата со попреченост и изградба на инклузивни детски игралишта.

„СДСМ се бори Велес, да стане модерен чист и зелен град, со силна економија што создава можности, за град што се грижи за секој човек. Затоа велиме – се бориме за нашиот дом“, порача Каранфиловa Пановска.