„Фајзер“ очекува побарувачката за вакцини да трае со години


Побарувачката за вакцините против Ковид-19 на „Фајзер“ може да трае со години и да ги зголемува нивните приходи, велат од компанијата, пренесе Би-би-си.

Очекуваат, како што велат, трајна побарувачка за вакцини – на сличен начин како што е побарувачката за вакцината против грип.

Во првите три месеци на 2021 година вакцината им донесе приходи од 3,5 милијарди долари.

Се очекува приходот од вакцината оваа година да биде повеќе од една третина од целогошната продажба на „Фајзер“.

Предвидувањето се темели на веќе потпишаните договори за 1,6 милијарди дози вакцини кои ќе бидат испорачани годинава.

„Врз основа на она што го видовме, веруваме дека трајната побарувачка за нашите вакцини против Ковид-19 е можен исход“, велат од „Фајзер“.

Трошоците и приходите ги делат со „Бионтек“

Двојната вакцина беше најпродаваниот продукт на „Фајзер“ во првото тромесечие.

Трошоците и приходите од вакцината ги делат по половина со партнерот „Бионтек“.

„Фајзер“ неодамна потпиша договор со Велика Британија за испорака на 60 милиони дополнителни дози во 2021 година.

Во тек е тестирање за трета доза вакцина, а се очекува дека САД ќе даде зелено светло за употреба кај деца меѓу 12 и 15 години.

Освен тоа, се работи за тоа дека вакцината сигурно може да се примени и на деца и од 6 месеци до 11 години возраст.