„Фајзер“ и „Ново Нордиск“ ја интензивираат борбата околу компанијата за лекови против дебелина „Метсера“
Борбата меѓу фармацевтските компании „Фајзер“ и „Ново Нордиск“ околу купувањето на фирмата за развој на лекови против дебелина „Метсера“ се интензивираше, откако двете заинтересирани страни дадоа поповолни понуди.
Американската корпорација „Фајзер“ ја зголеми својата понуда од првичните 7,3 милијарди долари на 8,1 милијарда долари, но самата „Метсера“ објави дека данскиот гигант „Ново Нордиск“ во моментов нуди повеќе – 10 милијарди долари, објави „Ројтерс“.
Драматичната конкуренција започна минатата недела со изненадувачка понуда од данска компанија за американската „Метсера“, која веќе се согласи да биде преземена од „Фајзер“, пренесува „Танјуг.рс“.