Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните


Највисоки трошоци за здравствена заштита во ЕУ регистрирани се во Луксембург, а потоа следат Данска и Ирска, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.

Согласно податоците на Евростат, во ЕУ во 2022 година просечно се издвојувале 3.685 евра по жител, вклучувајќи ги и буџетските распределби и сите форми на здравствено осигурување. Во Луксембург се издвојувале 6.590 евра, во Данска – 6.110 и во Ирска – 5.998 евра.

Додека најмала сума за здравствена заштита се издвојувале во Романија – 858 евра, во Бугарија – 990 и во Полска – 1.137 евра.

Податоците се однесуваат на здравствените услуги што им се пружат на граѓаните, а не се вклучени капиталните инвестиции во здравството. Исто така, тие не го вклучуваат извозот на здравствени добра и услуги, туку го вклучуваат увозот наменет за здравствена заштита на граѓаните.

Во истражувањето опфатени се и четири членки на групата ЕФТА – Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Убедливо најголеми се трошоци во Швајцарија и Лихтенштајн, со 10.374 евра односно 10.021 евра, а потоа следи Норвешка – 8.224 евра и Исланд – 6.500 евра.

Евростат наведува дека во ЕУ од 2014 година издвојувањата за здравствена заштита континуирано се зголемуваат, при што пропорционално најголем раст е забележан во Летонија, Литванија и Романија – 140,5 отсто, 125,6 и 123,1 проценти.

Во 2022 година, учеството на средствата за здравствена заштита во просек изнесуваше 10,4 отсто од бруто националниот производ. Највисока е во Германија – 12,6 проценти, Франција – 11,9 и Австрија 11,23 отсто. Додека уделот во Луксембург уделот бил 5,6 проценти од БДП, во Романија 5,8, а во Ирска 6,1 отсто од БДП.

Само во шест земји-членки на ЕУ учеството на здравствените расходи во БДП во 2022 година беше помало од пред десет години, а највисоко во Ирска (3,4 процентни поени), Данска (0,8 процентни поени) и Холандија (0,5 поени).