Европските индекси во пораст, во центарот на вниманието тензиите околу Иран и инфлацијата во САД
Европските берзански индекси денес се во пораст, додека геополитичките тензии околу Иран, како и економските податоци за малопродажбата во Велика Британија, цените на производителите во Германија и PMI извештаите за Велика Британија, Франција, Германија и еврозоната се во центарот на вниманието.
Податоците за јавните финансии во Велика Британија покажаа дека јавниот сектор во јануари забележал суфицит од 30,4 милијарди фунти (или 40,8 милијарди долари), што е двојно повеќе од нивото забележано една година претходно, пренесува Танјуг.