Европскиот првак поразен во Украина: Чупиќ промаши реми
Во второто коло од Сеха лигата во ракомет, Вардар го забележа првиот пораз. Европскиот првак беше немоќен во Украина, каде загуби од Мотор со 32-31. Иван Чупиќ имаше шанда да израмни од пенал во последните мигови од мечот.
Украинците водеа во текот на целиот натпревар, во еден момент и со четири разлика.
Тимур Дибиров даде шест гола за скопјани, а по петпати реализираа Криштопанс и Атман.
Ова е втора победа за Мотор, Вардар има победа и пораз.
Вечерва на програмата е дербито меѓу Веспрем и Загреб.