Европската агенција за лекови цел на хакерски напад, пристап имале до документи за вакцината на Фајзер/Бионтек за Ковид-19


Холандија – Документите во врска со барањето за одобрување на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 беа хакирани за време на кибер напад врз Европската агенција за лекови (EMA), објави Фајзер.

„Важно е да се напомене дека ниту системот на Бионтек, ниту на Фајзер не беа оштетени за време на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани“, се вели во соопштението на Фајзер.

„Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме соодветно и во согласност со европското право“, се додава во соопштението.

„Земајќи ги предвид клучните размислувања за јавното здравје и важноста на транспарентноста, ние ќе продолжиме да даваме јасни информации за сите аспекти на развојот на вакцините и регулаторниот процес“, се додава во соопштението.