Евроамбасадорот Гир ги осуди насилствата на протестите


Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ги осуди синоќешните насилства за време на протестите во Скопје против францускиот предлот, порачувајќи дека за такви сцени нема место во демократските општества.

-Ги осудувам синоќешните сцени на насилство против полицијата во Скопје, која ги извршуваше своите задачи. За такви сцени нема место во едно демократско општество. Повикувам на воздржаност, почит и одговорност, порача Гир, преку неговиот Твитер профил.