Италија ги уништи сништата на Англија на Вембли и стана шампион на пенали


Италија стана европски фудбалски шампион победувајќи ја Англија по изведување на пенали

 

Италијанските фудбалери се нови европски шампиони, а до титулата стигнаа со подобар учинок во пенал- рулет серијата (3-2), откако резултатот беше 1-1 во регуларните 90 минути и продолженијата на натпреварот.

Англија поведе на Вембли по само една минута и 56 секунди игра, а стрелец беше левиот бек Лук Шоу кој погоди со полуволеј на центаршут на Трипие.

Тоа е најбрзиот гол во финалето на европските првенства и четврти најбрз во историјата на ЕУРО.

Тоа беше единствениот удар на Англичаните во првото полувреме, додека Италијанците имаа шест удари, но тие никогаш сериозно не му се заканија на англискиот голман Џордан Пикфод.

После овој гол Италијанците целосно ја презедоа играта и беа поагресивни, па дури и доминатни во продолжението на мечот. Брзиот гол на Англичаните на некој начин и ја уништи нивната игра затоа што главно се преориентираа на лување на резултатот. 

Постојаните напади на Италијанците да постигнат израмнувачки погодок се реализираа во 67. минута, кога Пикфорд го одбрани ударот со глава на Верати, но стоперот Леонардо Бонучи прв стигна до одбиената топка и од непосредна близина ја испрати во мрежата.

До окрајот на натпреварот немаше повеќе голови, па се играа продолженија. По седми пат во историјата на европските шампионати, победникот не беше решен во основните 90 минути. Мрежите останаа во мирување и во дополнителните 30 минути, а по втор пат во историјата одлуката за европскиот шампион беше решена со изведување на пенали.

Првата серија ја отвори Берарди кој го совлада Пикфорд, а Донарума не успеа да го запре ударот на Кејн. Во втората серија Пикфорд го одбрани ударот кон Белоти, а Мегваер им донесе предност на Англичаните. Бонучи израмни на 2-2, а Рашфорд ја погоди стативата.

Бернардески повторно им донесе предност на Италијанците, а Донарума го одбрани ударот на Санчо. Жоржињо можеше да и донесе титула на Италија, но Пикфорд го одбрани неговиот удар. Но, Донарума го одбрани и ударот на Сака и го донесе трофејот во Италија.

Селекторот на Англија, Гарет Саутгејт, по натпреварот изјави дека одлуката кој ќе шутира  пенали е негова, но оние што ги внесе во последната минута да ги изведат овие удари – Рашфорд и Санчо – промашија. Во изјава за за Би-Би-Си тој рече:

„Ние сме апсолутно разочарани. Играчите заслужуваат апсолутна заслуга, тие дадоа се што е можно. На моменти играа навистина добро, на моменти не ја чувавме топката доволно добро, особено на почетокот на второто полувреме, но не можеме да имаме никакви обвинувања. Тие отидоа подалеку отколку што отидовме толку долго, но вечерва е неверојатно болно во  соблекувалната. Одговорноста е моја. Одлучив за изведувачите на пенали врз основа на она што го направија на тренинг“.

За Италијанците ова е втора европска титула, откако ја освоија првата во 1968 година во Рим, каде што во финалето ја победија репрезентацијата на Југославија (2-0) во вториот, повторен финален натпревар, откако првиот заврши 1- 1. Подоцна претрпеа два порази во финалето: во 2000 година беа поразени од Французите со златен гол (2-1), а во 2012 година Шпанците беа подобри од нив (0-4).

Фудбалот оди во Рим
Едни во очај, други во егзалтација
Френетична атмосфера на улиците во Рим по победата на „азурите“
Пеналот на Сака што го одбрани Донарума

Англичаните не успеаја да го повторат триумфот на домашен терен, каде ја освоија светската титула во 1966 година, совладувајќи ја Германија (4-2) по продолженија во финалето. Ова беше нивно прво финале на европските шампионати и прво на големи натпреварувања по Светското првенство во 1966 година.