Еве што се појави на time.mk


Пораки против Македонија, водењето политика во земјава, место влез во најголемиот агрегатор на вести time.mk. Сајтот на агрегаторот беше хакиран од непознати сторители.

И страницата на Државната изборна комисија беше хакирана, па така таа цела вечер не можеше да ги објавува резултати од неизвесната изборна трка. Резултатите беа објавувани преку стриминг на Јутјуб канал, но и тој по 2 часот по полноќ падна.

Ова беше голем технолошки напад што ја направи вечерта изклучително тешка за следење на изборните резултати. Со тоа загубија сите, а најмногу македонските граѓани.