Еве што ќе се гради со унгарските пари во Аеродром

Општина Аеродром во наредниот период започнува со реализација на нови и значајни капитални проекти по донесената одлуката на Владата за нивно финансирање, избрани на вториот јавен повик.
Како што соопшти општината, со унгарските пари Аердорм ќе доградува и надградува две основни училипта, ќе реконструира водовод на една улица, а ќе реконструира и седум улици со нивните краци.
Најавува и реконструкција на три плочници и мултимедијален центар во Ново Лисиче.
Еве го списокот на проекти:
– Доградба на ООУ „Блаже Конески“ (2 фазa) – Мичурин
– Надградба на ООУ „Гоце Делчев“ – Горно Лисиче
– Реконструкција на водоводната мрежа на улица „Божидар Рајковиќ“ – Горно Лисиче
Реконструкција на улици на целата територија на Општина Аеродром:
–„Богомилски поход“
–Дел од ул. „Тодор Чангов 28“ со крак 1
-Ул. „Тодор Чангов 23“
–Дел од ул. „Тодор Чангов 51“
–Дел од ул. „Гаврил Константиновиќ“ со крак 1
–Крак 1 на ул. „Тодор Чангов 41“
–Крак 2 на ул. „Тодор Чангов 41“
–Крак 3 на ул. „Тодор Чангов 41“
–Крак на ул. „Тодор Чангов 52“
–Ул. „Ѓорѓи Капчев 5“
–Ул. „Ѓорѓи Капчев 10“
–Ул.„Ѓорѓи Капчев 22“
–Дел од ул. „Божин Николов“
–Крак на бул. „Трета Македонска Бригада“ (потег Плимонт – Метро)
–Ул. „Лисец“ – десно
–Ул. „Лисец“ – лево
–Реконструкција на улица „Симеон Кавракиров“
Одржување-обновување на дел од тротоарите на улица „23 Октомври“ во населба Острово.
Во Аеродром и населба Лисиче нов лик ќе добијат:
– Плочникот во ТЦ Населба Лисиче,
– Плочникот зад ТЦ „Три Бисери“
– Плочникот во Ново Лисиче над новиот Мултимедијален центар
„Исто така, аеродромци за првпат добиваат Мултимедијален центар при што во современо уреден простор ќе се одржуваат претстави, кино проекции, концерти, изложби и разни културни настани’, велат од Аеродром.
Во моментот во фаза на реализација се и најголем дел од проектите за кои општината добила финансиска поддршка преку првиот јавен повик.