Еве колку заработи хрватската репрезентација со освојувањето на бронзата


Хернинг – Хрватската ракометна репрезентација денес го освои бронзениот медал на Европското првенство. Во натпреварот за третото место, избраниците на Дагур Сигурдсон го победија Исланд со 34:33.  Ова е втор медал по ред за Хрватска. Минатата година, тие го освоија второто место на Светското првенство.

Владата на Република Хрватска ќе ги награди сите членови на хрватската ракометна репрезентација. Сите играчи, членовите на стручниот штаб и тренерот ќе добијат парични награди од 5.250 евра. Приемот за хрватските репрезентативци ќе се одржи утре на главниот плоштад во Загреб, во 16 часот.

Хрватските играчи одиграа дури девет натпревари на претходниот турнир за период од само две недели. По прославите, тие имаат право само на неколку дена одмор и мора брзо да се вратат во своите клубови за да ја продолжат натпреварувачката сезона.