„Еуроникел“ Кавадарци ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“


Кавадаречки „Фени“, односно „Еуроникел“ како што се нарекуваче до неодамна, ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“. Веќе се започнато со организација и реструктуирање со цел да може да се рестартира производството во фабриката за фероникел во Кавадарци. Потенцијално во комбинатот ќе се вработат 800 лица од кавадаречкиот регион. Ова било посочено на средбата на новите сопственици на комбинатот со директорот на Царинската управа Бобан Николовски.

Како што се вели во соопштението до медиумите воспоставување на редовна комуникација и соработка со странските инвеститори со цел нивно запознавање со царинските постапки, вклучително постапките со економски ефект и поедноставените постапки е од големо значење за побрзо отпочнување на планираните инвестиции во државата. Оттука Царинската управа посветува големо внимание на негување цврсти односи со бизнис заедницата со цел зголемување на инвестициите и вработеноста во државата. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на средбата со менаџментот на Јилдирим групацијата (Yildirim Group of Companies) и управниот партнер во PwC РС Македонија, Мирослав Марчев.

Генералниот менаџер за Балканот, Џемил Ачар, како претставник на групацијата којашто годинава се стекна со сопственост врз имотот на Еуроникел Кавадарци, истакна дека фабриката ќе се рестартира под името „Голден Игл Никел“ и оти веќе започнале со организација и реструктуирање со цел да може да се рестартира производството во фабриката за фероникел во Кавадарци со потенцијално вработување на 800 лица од кавадаречкиот регион. Тој на состанокот ги презентирал нивните краткорочни и среднорочни планови за зајакнување на нивното присуство на македонскиот пазар, се вели во соопштението до медиумите од Царинската управа.