ЕВРО 2020: Во натпревар за инфаркт светскиот вицешампион Хрватска поразен во продолженијата од Шпанија (видео)
Шпанија ја елиминираше Хрватска од ЕВРО 2020 во фантастичниот натпревар во осминафиналето, во кој имаше спектакуларен автогол, пресврт и два гола на крајот од второто полувреме (вклучително и еден за продолженија во третата минута по регуларниите 90 минути), и на крај двапати се тресеше мрежата за конечни – 5: 3 (1: 1, 3: 3).
Шпанците доминираа во почетокот натпреварот и се чинеше дека следат болни 90 минути за светскиот вицешампион. Но, како што минуваа минутите фудбалската приказна се претвори во фудбалска бајка што ќе се памети уште долго, пред се поради бројните пресврти кои што сследуваа.
Прво, Хрватите поведоа со еден од најбизарните автоголови кои до сега се видени на шампионатот, па губеа со 3: 1 до 85-та минута, за да постигнат два гола во следните осум, а потоа Шпанија со два брзи гола во првото продолжение ја отвори вратата за настап во четвртфиналето каде што ќе се соочат со подобриот од вечерашниот натпревар помнеѓу Франција и Швајцарија.

Авоголот за кој уште долго ќе се зборува беше постигнат во 21-та минута кога Педри под притисок на хрватските играчи од средниот ред реши да му ја врати топката на својот голман од 45 метри, а тој ја промаши топката и со немоќен поглед ја проследи како влегува зад гол-линијата.