ЕУРО 2020: Украина е последниот четвртфиналист, ја победи Шведска на продолженија
Шкотска-На стадионот Хамден парк во Глазгов, Шкотска, синоќа се одбра и последниот четврт финалист со што се комплетира четвртфиналето.
Украина преку играчот од средина Жиченко поведе со 1-0 во 2-та минута. Во 43-тата минута играчот од средина од шведскиот тим Форберг го израмни резултатот.
Украинците поконкретни во нападот, имаа повеќе посед на топката и упатија повеќе удар кон шведскиот гол.
Во второто полувреме Сидорчук шутираше од далеку и ја погоди левата статива. Истото веднаш му се случи и на стрелецот на првиот гол за Шведска, Форсберг кога ја погоди десната статива со шут од далеку. Притиснаа и двата тима, иако во второт полувреме двајцата тренери се решија да не прават замени. Швеѓаните засилено одеа кон голот, но беа изблокирани од украинците. Зрела шанса имаше исак, но го промаши голот, но и беше во офсајд. Шевченко ја направи првата замена во тимот. Форсберг како решен да поастигне и втор гол, но во 69-тата минута повторно ја погоди стативата. Бушчан имаше голема среќа, особено кога станува збор за шитирањата на Форсберг одалеку.
И Сидорчук упати удар кон голо, но на место беше голманот Олсен. Последните минути од натпреварот, играта се развлече од двете страни како да чекаа да одат на продолженија. заври регуларниот дел и следуваа продолженија двапати по 15 минути. Во првото продолжение надежта тренерите ја гледаа во замените кај напаѓачите. Црвен картон доби Маркус Даниелсон кој со копачката во колено го удири Артем Беседим. По прегледот во вар собата, судиајта го покажа црвениот картон. Шевченко направи замена на заменет играч и на местото на повредениот Беседин влезе Циганков.
Повреда претрпи и Јарболенко. Првото продолжение главно помина со санирање на повреди и фауули и еден црвен картон. Дополнителните пет минути на првото продолжение не донесоа возбудување. А така и почна второто продолжени. Се намали напаѓачката моќ на украинците и швеѓаните, како да се решија да одат на пенал рулет.
Златна шанса имаа украинците за гол, но Довбик промаши, но и да постигнеше гол, тој ќе беше поништен зошто беше во офсајд. Двете продолженија ги одбележаа многубројните повреди на фудбалерите до двете страни. Но, во првата дополнителна минута во продолжението, пресврт. Довбик успеа да се протне и да бие прецизно за златен гол и спас од пеналите.
Англија и Украина ќе играат меѓу себе во 1/4 финале во Рим на Олимпико.
Другите 1/4 финални двојки се Белгија – Италија, Швајцарија – Шпанија и Данска – Чешка.