ЕУ се подготвува да го замрзне имотите на Путин и Лавров

ЕУ се подготвува да ги замрзне средствата и имотите на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од третата рунда санкции против Русија, пишува „Фајненшл тајмс“.
Министрите за надворешни работи планираат да го одобрат пакетот санкции попладнево, заедно со голем број мерки против руските банки и индустријата, цитира весникот три лица запознаени со ова прашање.
Путин и Лавров нема да бидат предмет на забрана за патување според мерките, пишува ФТ, нагласувајќи ја подготвеноста на ЕУ да ги задржи отворени симболичните дипломатски можности.
Официјален претставник на ЕУ, кој сакаше да остане анонимен, изјави за Ројтерс: „Се движиме најбрзо што можеме“, додавајќи дека блокот би можел да таргетира и „многу повеќе“ олигарси.