ЕУ: „Не сме добиле“ известување за новите американски царини
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/05/shutterstock_169048001_-_copy.jpg)
ЕУ денеска соопшти дека „не добила никакво официјално известување“ за дополнителни давачки откако американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека ќе воведе царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум.
„Нема да одговориме на широки најави без детали или писмено појаснување. ЕУ не гледа оправдување за воведување царини за нејзиниот извоз. Ќе реагираме за да ги заштитиме интересите на европските бизниси, работници и потрошувачи од неоправдани мерки“, се вели во соопштението на Европската комисија. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека денеска ќе објави нови царини од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД.