ЕУ ќе засади три милијарди дрвја во наредните 10 години


Главна цел на новата стратегија е да се зачуваат старите шуми и да се зголеми процентот на заштитените подрачја на копното и морето на барем една третина

 

Европската комисија ќе започне со решавање на глобалната криза со биолошката разновидност, вклучително и повик за засадување три милијарди дрвја во ЕУ до 2030 година и план за подобра заштита на последните континентални шуми на континентот.

Предлог-документот, објавен на интернет од страна на невладина организација за животна средина, признава дека до денес во ЕУ „заштитата е нецелосна, реставрацијата е од мал обем, а имплементацијата и примената на законодавството е недоволна“.

Научниците и групите за животна средина, коментирајќи за протекувањето на нацрт-стратегијата, велат дека иако новите цели се добредојдени и импресивни, сè уште постои недостаток на алатки со кои може да се спроведат.

„Тоа е добар и амбициозен документ, но она што е очигледно е и недостаток на стратегија за тоа како да се спроведе и недостаток на дискусија за тоа зошто не успеаја претходните документи од овој вид“, рече Пжемислав Чиларецки од полската академија на науките.

Новата стратегија бара речиси една третина од копното и морето на ЕУ да станат заштитени зони. Во моментов, 26 проценти од земјиштето и 11 отсто од морињата се класифицирани како заштитени области, но Европската комисија признава дека тоа не било доволно за справување со деградацијата на природниот свет и заканата од истребување на некои птици и животни. Еколозите велат дека дури и овие претходни цели за заштита не се исполнети во пракса.

„Предложената стратегија нема идеи и инструменти што ја менуваат играта за постигнување на целите. Денес веќе знаеме дека постојните рамки не се испорачуваат, па зошто да чекаме “, рече Роберт Циглички, програмски директор на „Гринпи“с во централна и источна Европа.

Тој ја поздрави новата стратегија, но рече дека ќе дојде 2024 година пред да стане јасно дали ќе бидат донесени нови обврзувачки мерки, и повика на итни разговори за финансирање и механизми за спроведување.

Некои елементи од програмата, како што се заштита на популацијата на птичји мигранти, е тешко да се спроведат без глобален пристап, а документот ја повикува ЕУ да ги интензивира напорите за биодиверзитетот да стане централен дел од нејзината дипломатија.

Исто така, ќе биде свртено вниманието на заедничката земјоделска политика на ЕУ од 60 милијарди евра годишно, која беше критикувана за поттикнување на голем пад на природата, со повик четвртина од земјоделското земјиште на ЕУ да биде органско земјоделско до 2030 година.

Еколозите предупредуваа дека главната цел на планот да се засадат најмалку три милијарди дрвја до 2030 година, „во целост со почитување на еколошките принципи“, треба да биде само мал дел од решението.

„Засадувањето на три милијарди дрва е навистина спектакуларна и видлива цел, но се покажа дека садењето нови дрвја не е лек и не секогаш помага“, рече Чиларецки.

Поважна ќе биде целта за мапирање, мониторинг и „строго заштита“ на последните преостанати стари шуми на ЕУ, кои преживеале речиси во секоја земја-членка, но остануваат загрозени од човековите активности, како што е нелегалната сеча.

Овие постари шуми обезбедуваат природен штит против климатските промени. „Веруваме дека интегрираниот пристап што вклучува паметни финансиски механизми и социјални аспекти е клучниот аспект на идната европска рамка за управување со биолошката разновидност“, рече романскиот министер за животна средина, Костел Алек, кој рече дека сака подобро да ја заштити големата област на стари шуми во земјата.

Цезар Луена, шпански социјалистички европратеник и потпретседател на Комитетот за животна средина на Европскиот парламент, се согласи дека целите од 2030 година „ќе треба да бидат опфатени со законодавството за да бидат обврзувачки“ за земјите-членки.

Луена рече дека земјите-членки на ЕУ треба да ги почитуваат постојните закони, истакнувајќи дека само во минатата недела, Европската комисија покрена правна постапка против 19 влади за неуспеси на законот за животна средина на ЕУ.

Шведска и Летонија се обвинети дека не спроведуваат делови од директивите за птици и живеалишта на ЕУ, Малта е виновна за незачувување на загрозена сина туна, додека за Франција, Кипар и Литванија се вели дека запоставиле да ги напишат стандардите на загадување на воздухот на ЕУ во националното законодавство.

„На ниво на ЕУ, потребен ни е финансиски стимул што ќе го направи привлечно за државите да се фокусираат на биолошката разновидност“, рече Марта Грундланд, активист на „Гринпис Полска“.

„Сега, јас не чувствувам дека е приоритет на ЕУ или национален приоритет. По климата ова е втора најголема закана со која се соочуваме, и сето тоа е поврзано. Ако сакаме да помогнеме во климатската криза, треба да се справиме и со кризата со биолошката разновидност“. (Гардијан)