„Есенски базар“ во Скопје


 Маици, торби и рачно изработени беџови, рачно плетен накит од нерѓосувачки челик и кожа, накит и модни додатоци од филц, маримо топчиња, воздушни билки и рамки од стабилизирана смола, свеќници, обележувачи за книги, декоративни садови за накит, картички, коверти и конфети од садлива хартија, рачно изработен сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со сосема нетрадиционален дизајн, се само дел од производите што ќе може да се најдат на годинашниот „Есенски базар“ во Скопје.

Манифестацијата почнува денеска и ќе трае до 20 октомври. Најавено е учество на 28 занаетчии кои не се плашат да експериментираат и ги раскажуваат своите приказни на концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие. 

Базарот ќе се одржува во Сити Мол, а ќе понуди и рачно везени производи, магнети, честитки, рачно изработени восочни фигури, аксесоари изработени од кожа, керамички дизајни, производи од природна мерино волна, маици со оригинални принтови, воздушни билки, украси од дрво, рачно изработени ранци и чанти, аксесоари за миленици, плетни играчки,…