„Есенинова“ конечно готова, ќе ги поврзе Аеродром и Кисела Вода


Фото: Б. Грданоски
Завршена изградбата на улицата Есенинова, која претставува ново сообраќајно поврзување на општините Аеродром и Кисела Вода, соопштија од Град Скопје. 
 
Новата улица ги поврзува булеварите Борис Трајковски и Трета Македонска бригада и со истата ќе се намали сообраќајниот метеж кој се создава на крстосницата кај „Тутунски комбинат“.
 
Дополнително, изградена е нова водоводна и канализациона мрежа, поставено е улично осветлување и изградени се нови подземни  бунарски линиски системи кои се во функција со резервоар, пумпна станица и поврзување со хидрантска мрежа.
 
Паралелно со градежните работи се изведоа заштитни огради и на крстосницата се постави нова светлосна сигнализација и соодветно обележување на хоризонталната сигнализација на коловозите.