ЕПП сака сексот без согласност да стане кривично дело во ЕУ
Групата на народните партии во Европскиот парламент сака да го вклучи сексот без согласност во новата директива на ЕУ за борба против насилството врз жените и семејното насилство.
Денес, парламентарните комисии за правата на жените и родовата еднаквост, за правните и за внатрешните работи ќе гласаат за првиот закон на ЕУ кој го криминализира насилството врз жените. Сепак, земјите-членки на ЕУ планираат да го отстранат прекршокот за секс без согласност, т.е. силувањето, од новиот закон.
„Жените ширум Европа нема да имаат разбирање за отстранувањето на сексот без согласност како прекршок во директивата. Силувањето не мора да биде насилен чин – ако жената не се согласи, тоа е силување. На земјите-членки на ЕУ им треба да се соочиме со реалноста дека е право на секоја жена да биде заштитена во седна земја-членка како што е во друга“, рече Френсис Фицџералд, европратеник, преговарач на парламентот за директивата. „Сакаме да ја исправиме оваа срамна аномалија бидејќи насилството врз жените продолжува да се зголемува како феномен, времето за акција е одамна поминато“.