Електричните автомобили за 20 години ќе преовладуваат на пазарот
Истото важи како за патнички така и за лесни комерцијални возила.
Од БНЕФ затоа сметаат дека е „многу можно врвот на продажбата на патнички возила со мотори со внатрешно согорување да е веќе зад нас“.
Намалувањето на цените на електричните возила, очекуваните пониски трошоци за одржување и напредокот на технологијата, само ќе го забрзаат тој процес, велат во БНЕФ. Тие анализираат дека во следните две децении продажбата на електрични возила од ланските 2 милиона, до 2040 година ќе се зголеми на 56 милиони. Во исто време продажбата на „конвенционални“ возила ќе се намали од ланските 85 на околу 42 милиона возила годишно. Во БНЕФ велат дека електричните возила низ својот „животен век“ може да се покажат поевтини за корисникот.