Експлозија во Ќерамидница – повторно на мета Штекли


Фото: Б. Грданоски

Едно лице е повредено откако во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница била фрлена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи за повеќе медиуми.

Експозлијата, додаваат од МВР, се случила утринава во 9.20 часот.

Повреденото лице било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Неофицијално, утрово во дворот на семејна куќа во населба Ќерамидница била фрлена бомба, по што со повреди се здобил Раде Трајковски – Штекли.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

-Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Кон Штекли пред неколку месеци за краток период во трговиот центар „Ист Гејт“ беа изведени два обиди за ликвидација.