Ексклузивен акустичен концерт на Калиопи “100% LIVE“ на 14 ноември во Македонската филхармонија

Настанот е во организација на „Прагма продукција“ и истиот е замислен како интимно и длабоко музичко искуство, целосно фокусирано на уметноста, зборот и емоцијата што Калиопи ја носи со секој здив. Публиката ќе има ретка можност да ги слушне нејзините најголеми хитови и евергрини од нејзиниот богат репертоар, преработени во акустични верзии со нов аранжман и автентична звучна естетика. Секоја нота, секој стих, секој молк ќе има своја тежина.
Бројот на места е ограничен, а интересот веќе е огромен. Овој концерт ќе биде доживување за сите љубители на вистинската музика, интимно, автентично и незаборавно.
Картите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.