Економскиот советник на Олаф Шолц го критикува канцеларот околу двоумењето за Свифт

Моника Шницер, една од најистакнатите германски економисти и членка на германскиот Совет на економски експерти, кој ја советува владата, денеска посочи дека не било во ред канцеларот Олаф Шолц што се двоумел да ја исклучи Русија од платниот систем Свифт.
„Неразбирливо е зошто постои двоумење да се користи Свифт како инструмент за санкционирање. Не сакаме да задржиме никаков инструмент за следното ниво на ескалација, сакаме да го спречиме [тоа ниво]“, напиша Шницер на Твитер.
Шолц во четвртокот во Брисел рече дека Свифт треба да биде меѓу мерките што треба да се преземат штом ситуацијата дополнително ескалира, став што оттогаш наиде на жестоки критики, особено од Украина, но и од други земји.