Екипите на Градот Скопје и „Комунална хигиена“ го расчистуваат снегот


Во координација со Градот Скопје, екипите на ЈП „Комунална хигиена“утринава започнаа активности за расчистување на нападнатиот снег, со цел да се овозможи проодност на движењето на пешаците и безбедно одвивање на сообраќајот.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и Градот Скопје работат со максимален капацитет и ангажираност на сите расположливи работници на терен, додека од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила-мултикултиватори и патарки за расфрлање на сол. Се расчистува централното градско подрачје, плоштадот и улица „Македонија“, Старата чаршија, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и сите пешачки мостови во централното градско подрачје.

Службите од ЈП „Комунална хигиена“ во координација со Градот Скопје ќе продолжат со активностите за расчистување на снегот во текот на целиот ден, во согласност со потребата и состојбата на терен.