ЕК: Втор повик за финансирање проекти за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија


Европската комисија објави втор повик до граѓанските организации на територијата на Србија, да поднесат предлог проекти во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Србија и Северна Македонија за 2016-2020 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Областите на поддршка вклучуваат конкурентност (МСП, истражување и развој, ИКТ, туризам, деловна инфраструктура, индустрија и трговија), туризам, животна средина и климатски промени, човечки ресурси и социјален развој, труд и вработување, култура и уметност, соопшти бизнис порталот еКапија.

Приоритет број еден, како што се наведува, ќе биде унапредувањето на вработувањето, мобилноста на работната сила и прекуграничната социјална и културна вклученост, а приоритет број два ќе биде потикнување на туризмот и културното и природното наследство.

Минималниот износ на бесповратните средства (грант шеми) по проект е 100.000 евра, а максималниот е 200.000 евра.

Краен рок за пријавување на конкурсот е 8 јуни,соопшти бизнис порталот еКапија.