ЕХФ ја потврди првостепената суспензија за Драган Начевски


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја потврди првостепената одлука за случајот на Драган Начевски, за кого останува на сила суспензијата во траење од две години, но сега истата ќе биде намалена за два месеца поради периодот за жалба до ракометниот суд на ЕХФ. 

Суспензијата официјално започна на 12 април годинава, а за сето ова време Начевски нема да смее да извршува никакви задачи и функции во ЕХФ. Покрај суспензијата, заработи и казна во висина од 5.000 евра. 

Начевски беше суспендиран по непријавувањето прекршок во ЕХФ. Европската ракометна централа почна постапка против Начевски по видео-снимка на данската национална телевизија, на која се гледа како наводно кинески бизнисмен му нуди мито на Начевски.

Функцијата претседател на судиската комисија, Драган Начевски ја напушти во мај 2023 година.