Едно лице во притвор, другото во бегство во врска со убиството во Арачиново
Во врска со извршеното кривично дело „убиство” на 01.11.2024 во скопско Арачиново, каде со огнено оружје беше убиен С.А. (56) од село Арачиново, a Х.А. (20) од село Арачиново, се здобил со прострелни рани, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се мерки и активности, при што е утврден идентитетот на сторителите и тоа Ш.Ш. (23) од с.Арачиново и Е.Ш. (31) од с.Арачиново.
ОД МВР денеска соопштија дека исто така е утврдено и возилото со кое е извршено кривичното дело „ауди А5″ со скопски регистерски ознаки, во сопственост на Е.Ш., кое е пронајдено и одземено.
– На 02.11.2024 од страна на ЕНК-ОКСД во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка против Ш.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ и кривична пријава против Е.Ш. за кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 22 од КЗ и кривично дело „убиство” предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ, при што Е.Ш. е лишен од слобода, а Ш.Ш. е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање..
Од страна на Судија на претходна постапка на двете пријавени лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, појаснуваат во соопштението од МВР.