Единицата за брзо распоредување го одбележа денот на основањето


Фото: Б. Грданоски

 

Единицата за брзо распоредување профилирајќи се во реална високо-специјализирана полициска единица, со исти такви квалитети на секој нејзин припадник, воспоставени преку јасно подигнатите стандарди и професионални критериуми од сите аспекти – физички, ментални, образовни и технички, претставува eдиница подготвена да одговори на сите зададени полициски задачи, самостојно и координирано, без оглед на нивната специфичност и сложеност. Taa е на исто рамниште со истородните полициски формации на полициите од Европа и светот.

Ова го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето на свеченоста во полицискиот центар „Ѓорче Петров”, по повод одбележувањето на Денот на формирањето на Единицата за брзо распоредување.

„Примарна заедничка цел беше и останува мотото дека за нашата полиција, за сите нејзини припадници не треба и нема да постои градација на важни и помалку важни единици или работни задачи, оти нашата заедничка цел, но и со Уставот и законите, дефинирана задача е чувањето на редот и законите како и сигурноста и безбедноста на сите граѓани на Република Северна Македонија“, потенцираше Спасовски.

Командантот на Единицата Столески во обраќањето истакна дека ЕБР која слави 21. роденден, од нејзиниот почеток, па до денес, беше вклучена во извршување на многубројни сложени, ризични безбедносни задачи, кои само помогнаа таа да се зацврсти и да се изгради како фактор на безбедноста на граѓаните и еден од столбовите за стабилноста на државата.

На свеченоста меѓу другото, за исклучителен придонес и развој на модернизацијата на полицијата беа доделени плакети на министерот Спасовски, за успешната соработка и поддршка на министерот за правда Никола Тупанчевски вработени, како и на припадниците на Единицата за постигнати резултати, покажаната висока професионалност при вршењето на задачите. (МИА)