Еден починат и тројца повредени во две сообраќајки
Еден жител на Батинци загина, друг е повреден во сообраќајна незгода што се случила во селото, а во друга соображајка во Светиниколско, повреденис е уште двајца.
Впо средата, околу 20.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Р.(49) од с.Батинци и патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(26) од с.Батинци. По несреќата Н.Р. бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде била констатирана смрт. А.Х. се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Истиот ден, во 13.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во атар на с.Габреш, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, со штипски регистарски ознаки, управувано од К.К.(57) од Свети Николе и товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(34) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.К., а со телесни повреди се здобил Н.Д., констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.