Ед Ширан направи спектакл за паметење во Загреб, настан за кој долго ќе се зборува

Ед Ширан ги воодушеви сите со својот настап во Загреб, концертот траеше два и пол часа


Една од најголемите музички ѕвезди на денешницата, Ед Ширан, во саботата вечерта настапи пред 70.000 луѓе на загрепскиот Хиподром.

Ширан, кому ова му беше прв настап во Хрватска, на посетителите им приреди одлична вечер, изведувајќи пресек од поновите песни и познатите хитови како Perfect, Thinking Out Loud или Shape of You. Настапот заврши со песната Bad Habits.

Ширан настапи во Загреб како дел од турнејата + – = ÷ x (Математика) и беше најпосетуваниот меѓународен концерт во главниот град на Загреб по настапот на U2, кои го распродадоа Максимир два дена по ред пред точно 15 години, пишува Хина.

Пред појавувањето на Ширан на сцената, публиката ја загреваа британскиот музичар Калум Скот и хрватската ѕвезда Дино Јелушиќ.

Ширан ја поздрави публиката на хрватски јазик, а се појави во маица со натпис Загреб. Тој пееше два и пол часа.

„Прв пат сум во Хрватска. Добровечер. Сабота е, лето е, сакам да одите на работа во понеделник без глас. Па ќе пееме додека не останете без глас”, рекол музичарот кога се качил на бината. 
Наредната сабота, Ед Ширан има уште еден концерт во земја во соседството – тој ќе настапи во Белград, на Ушќе.