Ѕвездите изгледаа како милиони долари за добротворната amFar гала во Кан (фото)


Кан – Холивудски ѕвезди, европски актери, музичари и манекенки се собраа во Hotel du Cap-Eden-Roc во Кан на 30-от по ред добротворен настан „Киното против сидата“ во организација на фондацијата за истражување лек против сидата amFAR, спонзорирана од Chopard.

Деми Мур годинава е домаќинка на гала хуманитарниот настан

Фондацијата има за цел  да пронајде лек за сидата, но традиционално беше повод да се соберат многу познати личности кои се појавија на црвениот килим во свечени, вечерни тоалети.

Барбара Палвин

Домаќин годинава на популарниот хуманитарен настан, чиј прв домаќин беше покојната коосновачка на amfAR,  Елизабет Тејлор, беше актерката Деми Мур, а настап во живо имаше Шер.

Аукционерот Симон ду Пури имаше полна работа со аукцијата, за собирање на средства за добротворни цели: од седум ноќевања на Антарктикот (кој беше продаден за 243.000 долари) до ручек со Шер (65.000 долари) до слика од Кени Шарф (650.000 долари). Војвотката од Јорк, Сара, Фергусон излезе на сцената за да претстави портрет на кралицата Елизабета Втора обложен со кристали од уметникот Крис Левин. „Здраво на сите“, рече Фергусон. „Ова беше мојата свекрва“, рече таа додека го покажуваше портретот, кој беше продаден за 514.000 долари.

Француската модна уредничка Карин Ротфилд курираше ревија на писта со 27 фустани од дизајнери на тема „бајки“. Манекенките одеа по пистата во тоалети кои им оддадоа почит на Малефисент (од Шанел), Тумбелина (Прада), Рапунзел (Миу Миу), принцезата Леја (Луј Витон), Бел (Вивиен Вествуд), Кралицата на срцата (Лоу) и Тинкербел ( Версаче). Целата колекција е продадена за 541.000 долари.

Диане Кругер
Дита фон Тис
Елса Хоск
Енди Мекдауел
Каролина Куркова
Кели Роланд
Коко Роча
Марија Бакалова
Мишел Јео
Хајди и Лени Клум
Шер
Сара Фергусон, војвотката од Јорк