Ѕвездата од „Grey’s Anatomy“ за тешката дијагноза: Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна

Американскиот актер Ерик Дејн (52), најпознат по улогата на д-р Марк Слоун во популарната серија „Grey’s Anatomy“, проговори јавно за прв пат откако во април објави дека има амиотрофична латерална склероза (ALS).
Имено, во најавата за неговото прво големо интервју за емисијата „Good Morning America“, Дејн се појави потресен додека разговараше со новинарката Дајан Соер (79). Трејлерот за емисијата предизвика силни реакции од јавноста, особено во делот каде што актерот низ солзи зборува за моментот кога дознал за дијагнозата.
„Секој ден се будам свесен за фактот дека ова навистина се случува, не сонувам“, рече актерот низ солзи.
Иако станува збор за исклучително тешка болест, актерот нагласува дека не ја губи верата.
„Навистина не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не мислам дека ова е крајот на мене“, додаде тој. Засега е објавено само соопштението, додека целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни.
Тој исто така признава дека неговото семејство е неговата најголема поддршка во овие моменти, и дека неговата сопруга Ребека Гејхарт, со која е во брак од 2004 година, била покрај него во најтешките моменти.
Dвајцата претходно објавија дека се разведуваат, но откако дознаа за неговата дијагноза, решија да останат заедно. Ребека поднесе барање за развод во 2018 година, барајќи заедничко старателство над нивните две ќерки – Били (15) и Џорџија (13).
АЛС е ретка, но прогресивна болест која првично предизвикува слабост и мускулни грчеви, а со текот на времето води до целосна парализа. Во моментов нема лек, а третманот е ограничен на ублажување на симптомите и подобрување на квалитетот на животот.