ДЗР: Не се знае кога и колку треба да вратат невработените кои земале паричен надоместок по вработување


Фото: Б. Грданоски

За вкупно 26.158 корисници се исплаќаат 1.524.106 илјади денари или (24.782.211 евра) како паричен надоместок или материјално обезбеднување, но Државниот завод за ревизија утврдил бројни неправилности во нивното исплаќање, но и во враќањето на тие надоместоци откако граѓаните ќе го изгубат правото на нив.

„Со извршената ревизија утврдивме дека правната рамка обезбедува услови за остварување на правата од паричен надоместок со одредени недоречености кои придонесуваат за невоедначена примена во пракса, а кои се однесуваат на начинот на пресметка на висината на паричниот надоместок при работа со неполно работно време и на условите за престанок на правото на паричен андоместок на невработеното лице.

Со интерните акти и упатства за остварување на правата од ПН и МО и нивна исплата не се утврдени надлежности и контроли од страна на лицата вклучени во процесот, а поради недостиг на вработени не се обезбедува разграничување на надлежностите во целост, постои различен начин на постапување од страна на ЦВ и некомплетност на доказите за остварување на правото и висината на ПН. Невоспоставената системска поврзаност за размена на потребните податоци помеѓу Агенцијата и други надлежни институции како механизам за откривање на корисник на ПН/МО кој остварува парични примања по други основи и настапување на некој од основите за престанок на правото на ПН, како и недефинираната соработка со инспекцискиот орган за работни односи, придонесуваат за ненавремено обезбедување на податоците за остварување/престанок на правото на ПН и за корисници кои се работно ангажирани или вршат дејност спротивно на закон. Исплатени се средства во вкупен износ од 1.524.106 илјади денари за вкупно 26.158 корисници на ПН и МО во вид на паричен надоместок, при што утврдивме дека 62% од корисниците користат ПН до 6 месеци поради загуба на работното место од определено работно време и сезонска работа, додека пак 77% од корисниците користат МО во период од 25-60 месеци, а податоците укажуваат дека и покрај заложбата на Агенцијата и нејзиното учество при посредувањето мал е бројот на лицата кои се вработиле во периодот од 2017-2021 година, особено корисниците на МО кои тешко успеваат да се прилагодат на промените на пазарот на трудот и да најдат вработување, поради што најчесто користат МО во вид на ПН до нивно пензионирање. Не е донесено упатство/постапка за начинот на поврат на искористените средства од страна на корисник на ПН во случај на настапување на условите за престанок на правото на ПН, поради што утврдивме различен начин на постапување од страна на ЦВ, а воспоставената евиденција не обезбедува целосен увид во побарувањата за враќање на средствата од корисникот“, велат ревизорите.

Сепак, Имајќи го предвид наведеното заклучивме дека со исклучок на ефектите од наведените прашања, активностите и информациите во врска со остварување на правата од ПН и нивна исплата во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во сите материјални аспекти, се во согласност со релевантната законска регулатива, решенија, воспоставени политики и критериуми кои ја уредуваат оваа област, додаваат од таму.

Препорачуваат Агенцијата да иницира вградување на недореченостите во законот за вработување и осигурување во случај на невработеност до МТСП во делот на:
– уредување на начинот на пресметка на висината на ПН при работа со неполно работно време пресметано во полно работно време;
– прецизирање на условите под кои му престанува правото на ПН на невработеното лице;
– уредување на статусот за остварување/непостоење на право на индивидуални земјоделци и други категории на лица кои не се обврзници за плаќање на придонес за задолжително осигурување во случај на невработеност;
– попрецизно уредување на правата на Агенцијата за барање на враќање на парични средства и утврдување на рокот за враќање на средствата од страна на корисник на паричен надоместок.

2. Агенцијата да иницира преземање на активности во соработка со МТСП за:
– утврдување на потребата од носење на идни закони за МО за невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата кои не оствариле право на МО, водејќи сметка за поголема интеграција на корисниците на пазарот на трудот и
– утврдување критериуми за остварување на право на МО за невработеното лице кое по извршената приватизација на претпријатието било вработено на неопределено време. 

Надлежните органи на управување и раководење на Агенцијата да преземат мерки и активности за:
3. Екипирање на Секторот за внатрешна ревизија. 
4. Донесување на процедури и упатства:
– со утврдени контроли и поделба на надлежностите при приемот и обработка на барањата за ПН, комплетирање на документација и донесување на решенија за одобрување/одбивање на барателите;
– со утврдени контроли на документацијата за исплата на средства за ПН во ЦВ;
– за добри практики и воедначен пристап на постапување од страна на ЦВ при одлучување за право на ПН и МО.
5. Обезбедување согласности за вработување и пополнување на испразнетите работни места во ЦВ и воспоставување целосна поделба на надлежности и одговорности во рамките на активностите за остварување на права од паричен надоместок. 

6. Воспоставување и користење на интегриран систем на поврзаност на електронскиот систем за паричен надоместок и контролни механизми при исплата на средства со модулот финансиското работење во ЦС и ЦВ. 
7. Утврдување на начин за електронска размена на податоци со Фондот за ПИО за стажот на барателите на ПН преку обезбедување на преглед на регистрирани податоци во матична евиденција и електронски увид на корисници на права на пензија.
8. Обезбедување комплетност на документацијата за остварување на правата на ПН согласно утврдените потребни документи наведени во образецот на барање за остварување на право.

9. Да предвиди начин на соработка со надлежни институции за обезбедување на податоци и потврдување дека лицето кое го остварило правото на МО нема/му престанале правата на парични примања по други основи. 
10.Уредување на начинот на соработка со инспекцискиот орган за работни односи за редовно добивање информации и податоци за невработени лица кои се затекнати на работа, работно ангажирани или вршат дејност спротивно на закон. 
11. Поголема промоција и информирање на организаторите на јавни работи за искористување на можноста за ангажирање на лица корисници на ПН во извршување на јавни работи. 
12.Зајакнување на заложбата на Агенцијата и нејзиното учество при посредувањето за вработување на корисниците на ПН и МО. 
13.Изготвување на решение за задолжување на корисникот на ПН за износот што треба да го врати и навремено евидентирање на побарувањата по основ на поврат на ПН сметководствено и во модулот за ПН. 
14.При доставување на одговор по жалби до надлежниот орган ЦВ да преземат активности за повторен увид во документацијата и утврдување на фактичката состојба по сите релевантни факти. 

Целиот извештај тука: https://dzr.mk/sites/default/files/2023-04/183_Agencija_za_vrabotuvanje_Ostvaruvanje_prava_paricen_nadomest_2022.pdf