Џорџ Клуни за Доналд Трамп: Тој е позната личност, кога ќе си замине нема да има замена


Во интервју за „Си-ен-ен“, Џорџ Клуни зборуваше за својата бродвејска претстава „Добра ноќ и среќа“, но и за моменталната политичка и социјална ситуација во Америка. Во таа прилика, тој коментираше и за сегашниот претседател, Доналд Трамп.

Претставата е базирана на вистинската конфронтација помеѓу новинарот Едвард Р. Мароу и сенаторот Џозеф Мекарти, а Клуни верува дека токму овој контекст ја привлекува публиката.

„Многу луѓе доаѓаат на секоја претстава. Мислам дека треба да бидат заедно во простор каде што можат да слушаат и да зборуваат за тоа кои сме во нашата најдобра верзија. И мислам дека тоа е добро, мислам дека им даваме одредено олеснување, бидејќи многу луѓе чувствуваат дека во моментов сме во најлоша состојба“, рече Клуни.

Клуни се осврна и на состојбата на новинарството и како новинарите се сè повеќе нападнати.

„Страшно е да се биде новинар, да се биде во својата професија овие денови. Вие сте нападнати, повеќето новински организации се нападнати. Тоа обично се случува кога демагозите се на сцената. Првите луѓе што се нападнати се новинарите, бидејќи така добиваме информации“, објасни тој.

На прашањето дали верува дека „трампизмот“ ќе преживее втор мандат за Доналд Трамп, Клуни беше јасен: „Не мислам така. Мислам дека ќе биде многу тешко. Запомнете го ова, Доналд Трамп е позната личност. Тоа е тој. Тој има своја ѕвезда на Холивудската патека на славните. Јас немам. Не барам, само велам.“

Купер се пошегува дека ова е грешка, а Клуни одговори дека Трамп, покрај тоа што е претседател, останува и позната личност: „Тој е позната личност, и тој е претседател на Соединетите Американски Држави, и беше избран фер и легално. Не се жалам за тоа – така функционира демократијата. Тој е исто така шармантен и за луѓето што го сакаат е смешен, но за многу луѓе не е.“

Сосема искрен
Џорџ Клуни откри дека сака да ја врати бојата на косата: Изгледам како да поминувам низ криза на средните години
„И кога ќе заврши, и ќе заврши, ќе мора да најдат некој што ќе може да ја пренесе истата порака со ист вид харизма. А тие немаат таков човек“, заклучи тој.