Џонсон: Брегзит ќе ја претвори Британија во најдоброто место на светот


Фото: express.co.uk

Новиот британски премиер Борис Џонсон во својот прв говор во Парламентот рече дека Брегзит ќе ја претвори Велика Британија во најдоброто место во светот.

– Нашата мисија е да го реализираме Брегзит на 31 октомври со цел да го обединиме нашето големо Обединето Кралство и да ја направиме земјата најдобро место во светот, истакна Џонсон.

Тој, исто така, рече дека Лондон нема да номинира кандидат за еврокомесар во новиот состав на Европската комисија.

Џонсон ги дефинираше и условите на договорот за Брегзит, кој неговата претходничка Тереза Мај го склучи со ЕУ, како неприфатливи.

Тој ја повика ЕУ да го преиспита своето одбивање за повторни преговори за договорот за Брегзит.

– Денеска е првиот ден за нов пристап кој ќе заврши со нашето излегување од ЕУ на 31 октомври, истакна Џонсон.