Џоли и Пит ќе се сретнат во Венеција, еве зошто
Анџелина Џоли и Бред Пит ќе ги претстават своите нови филмови на годинешниот филмски фестивал во Венеција, што значи дека неизбежно ќе се сретнат, пренесува The Hollywood Reporter. Освен на суд, овој пар одамна немал блиска средба .
Познатата актерка доаѓа на 81. издание на фестивалот во Венеција за филмот Марија, во која ја толкува главната улога на оперската пејачка Марија Калас. Од друга страна, нејзиниот поранешен сопруг пристигнува како една од главните ѕвезди на филмот Wolfs, во кој глуми со Џорџ Клуни.
Двојката последен пат се појави заедно на Филмскиот фестивал во Венеција во 2007 година, кога Анџелина прошета на црвениот тепих како придружба на Бред пред премиерата на вестернот The Assassination of Jessie James by the Coward Robert Ford..
81-то издание на Филмскиот фестивал во Венеција ќе се одржи од 28 август до 7 септември. Изабел Ипер ќе претседава со главното жири.
Тие се запознале на снимањето на заеднички филм
Потсетуваме, Анџелина и Бред се запознале на снимањето на филмот Господин и госпоѓа Смит во 2005 година, по што започнале врска и се венчале во 2014 година. Поради, како што изјавила оваа позната актерка, непомирливите разлики меѓу нив, Анџелина поднела за развод во 2016 година.години.
Правната битка меѓу поранешните сопружници се уште трае
Разводот беше финализиран во 2019 година. Излегува дека парот цело време бил во интензивна битка за старателство. Бред барал заедничко старателство над децата, наспроти инсистирањето на Анџелина на единствено старателство, со тоа што тој имал само права за посета. Се вели дека парот постигнал спогодба во 2018 година, кога адвокатот на Анџелина изјавил за Ројтерс дека „договорот за старателство е постигнат и потпишан од двете страни и судијата“. Сепак, правната битка продолжи до ден-денес, со различни пресврти.
Бред ги посетува само помалите деца
Откако нивните ќерки Вивиен и Захара се откажаа од презимето на нивниот татко, истото неодамна го направи и 18-годишната Шајло. Барањето за промена на името дојде откако извор близок до семејството изјави за People дека Пит нема контакт со своите возрасни деца, но сепак ги посетува помладите.