Џенифер Гејтс роди втора ќерка


Џенифер Гејтс, 28-годишната ќерка на милијардерот Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс го дочека своето второ бебе, девојче, со сопругот Најел Насар. Среќната вест ја објави на Инстаграм во саботата на 2 ноември, споделувајќи фотографија од новороденчето како спие во креветчето  додека нејзината голема сестра Лејла ѕирка во неа.

Во натписот на објавата, Џенифер го откри името на нејзината нова ќерка, како и специјалниот датум кога пристигнала. „Ви ја претставуваме Миа, која се роди на нашата трета годишнина од бракот 💕“, напиша таа и додаде: „Најдобриот подарок што можевме да го побараме“.

Џенифер и Насар (33) се венчаа на 16 октомври во 2021 година.

Во јуни Џенифер откри дека го чека своето второ бебе, објавувајќи ја веста на својот Инстаграм.

Џенифер, која неодамна заврши медицинско училиште и сега е со целосна  резиденција во Њујорк, и Насар го прославија првиот роденден на нивната ќерка во февруари со заедничка сентиментална објава на Инстаграм.