Џамбазов се прости од Сара: Сарке мила, ќе те паметам дур дишам …

Во трагичниот настан во Кочани, во кој животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени, меѓу починатите се и 8 члена од бендот „ДНК“ и нивни соработници – музичарите Андреј Ѓорѓиески, Сара Пројковска, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Стевановски и Александар Коларов, Игор Велков, Мартин Атанасовски – Буцо, како и официјалниот фотограф на групата, Александар Ефремов.
Со емотивна објава на својот инстаграм профил од својата колешка и пријателка Сара Пројковска се прости и Игор Џамбазов:
– Имаше очи што зборуваат. На земја те соборуваат. А под нив една насмевка вредна вечност. Сарке мила, ќе те паметам дур дишам …