Џафери во официјална посета на Словенија


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Собранието Талат Џафери престојува во дводневна официјална посета на Словенија на покана на претседателката на Државниот збор, Уршка Клакочар Жупанчич.

Во состав на делегацијата се и пратениците Александар Велјановски, претседател на пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија и членовите Бети Рабаџиевска – Наумовска и Берат Ајдари.

Во рамки на посетата, како што информира собраниската прес-служба, предвидени се средби со координаторите на пратеничките групи во Државниот збор, членовите на Комисијата за ЕУ прашања и Комисијата за надворешна политика, како и со претседателката Сандра Газинковски и членовите на Групата за пријателство во словенечкиот Парламент.

Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе оствари средби и со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, претседателот на Владата, Роберт Голоб и потпретседателката на Владата и министер за надворешни работи Тања Фајон.