Џафери нема дилема, ќе се вакцинира
– Немам дилема околу тоа дали ќе се вакцинирам против корона вирусот, истакна вечерва претседателот на Собранието, Талат Џафери во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Вели дека ќе се вакцинира бидејќи смета оти е добра порака до граѓаните, особено што научниците дадоа позитивни препораки засновани на темелна проценка на безбедноста, но и дека вакцината добила поддршка од сите земји-членки на Европската унија.
Џафери посочи не е добро да се прави негативна кампања кон вакцината.