СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот
Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ, тврдат од опозициската СДСМ. Во соопштение до медиумите тие велат дека вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.
Во соопштението се додава дека според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.
Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.
„Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски“, прашуваат од СДСМ, додавајчи дека со месеци предупредувале за катастрофалната состојба со буџетот.
„Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте“, велат од опозициската партија и додаваат дека државните финансии во сериозна опасност, како и дека „со криминалните политики“ бил создаден нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.