Џафери гарантира дека не може да се повтори 27 април
Претседателот на Собранието Талат Џафери за најавениот протест на опозицијата закажан за 18 јуни денеска изјави дека секој има право да протестира, но дека може да гарантира дека внатре во Собранието не можат да се повторат работи што се случиле во минатото.
-По однос на најавите, сечие право е да протестира и да повика на протест. Надвор од Собранието не е надлежност на Собранието, туку на институциите, рече Џафери на денешниот брифинг со новинарите.
Претседателот на Собранието додаде дека може да гарантира дека внатре во Собранието не можат да се повторат, како што рече, некои работи што се случиле во минатото.
Како претседател на Парламентот Џафери не сакаше да одговора на прашања за 20 – годишнината од основањето на ДУИ упатувајќи за тоа да се праша во партијата.