Двојно убиство и самоубиство во Велес: Убиени ќерка и татко


Фото: Б. Грданоски

Двојно убиство и самоубиство попладнево се случи во Велес. Според информациите кои ги изнесе Министерството за внатрешни работи (МВР), убиени се 31-годишна жена и нејзиниот 68-годишен татко.

Изнесувајќи детали за настанот, од МВР наведуваат дека Р. К. (31) со повреди од остар предмет била пронајдена на улица „Кочо Рацин“ во Велес и со возило на Итната медицинска помош била пренесена во велешката болница каде што е констатирана смрт.

„Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко ѝ К. К. (68), кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот, со повреди од остар предмет е пронајден и И. С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р. К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“, наведуваат од МВР.

На местото на настанот е се врши увид од страна на увидна екипа на СВР Велес и јавен обвинител.